Македонија
Облачно време со врнежи од дожд, од утре снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која ноќта ќе почнат поинтензивни врнежи од дожд, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно, студено и ветровито. Од вечерните часови ќе биде облачно и преку ноќта со појава на повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 13 степени.
Попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд. Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи, кои до изутрина ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни.
Пообилни врнежи ќе има и утре кога поради спуштање студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а некаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

