Македонија
Облачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, oблачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини во утринските часови ќе има услови за слаб снег. Дневните температури во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по производите од брендот „Винчини“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов. При неколкучасовна интервенција на многубројните противпожарни екипи, неколкумина пожарникари добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.
„При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса“, рече Ангелов.
Пожарот направи голема штетата на фирмата „Макпрогрес Винчини“, која е и најголемиот стопански објект во оваа општина. Пожарот избувна во 18:40 часот и во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката, од кои два магацини. Сите имале сончеви панели на кровот.
На терен веднаш излегоа екипите на Противпожарната единица на Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари, а помогнаа и противпожарните служби од Кочани, Македонска Каменица и Штип, Пробиштип, Струмица, Кавадарци и Велес, кажа Ангелов. Огнот се прошири вдолж фабриката, а жители на Виница со куќи во близина на огнот стравуваада не се прошири и кон нив.
Основана е пред 35 години, „Макпрогрес Винчини“ е еден од водечките производители во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија, 75% од производството е наменето за извоз, а производите се извезуваат во 45 држави.
Македонија
По големиот пожар во фабриката „Винчини“ на помош се вклучува и Стопанската комора

Стопанската комора соопшти дека вчера активно се вклучила во напорите за гасењето на пожарот во фабриката Макпрогрес во Виница, била алармирана и Владата. Од комората најавија формирање кризен штаб со сопственикот на фабриката со цел целосно нормализирање на состојбите, изразувајќи при тоа жалење за претрпената штета на компанијата, нивна членка.
-Вчеравечер околу 19:20 часот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески беше известeн од сопственикот на Макпрогрес Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката има пожар. Веднаш беше алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министер за транспорт, кои ги дадоа потребните наредби за спасување на целокупната фабрика, но и покрај интензивните активности, мора да се констатира дека три клучни погони се целосно уништетни, се наведува во соопштението.
Стопанската комора воедно, изразува жалење за ваквата трагедија која ќе остави длабока трага врз работењето на нивната членка и како што наведуваат, „една од најуспешните извозни компании во Македонија, во групата на најпознати компании во кондиторската индустрија, препознаена по брендот „Винчини““.
-Макпрогрес Виница е истакната наша членка која предничи со своите активности и во работењето на Комората, и во градењето деловен амбиент во државата. Членови на сопственичката структура секогаш се наоѓале во врвот на раководството на Стопанската комора.
Во гаснењето на пожарот, се додава, свој придонес дадоа и нашите членки, кои своите капацитети ги ставија на располагање.
-Екипа на Стопанската комора е присутна на самото место од моментот на избувнување на пожарот и заедно со сопствениците ќе формира кризен штаб. Комората презема активности за целосно нормализирање на состојбите, стои во соопштението од Стопанската комора.
Македонија
Земјотрес регистриран во Кичево, Охрид и околината

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала синоќа е регистриран во земјава.
Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје утринава информираше дека земјотресот е регистриран вчера во 20 часот и 39 минути и е со Рихтерова локална магнитуда, 2.7..
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Кичево, Охрид и околината.