Македонија
Обраќање на Муцунски: Членството во франкофонијата го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше организатор и домаќин на панел-дискусијата на тема „Улогата на Франкофонијата во светот и регионот“, организирана по повод Месецот на Франкофонијата. Настанот беше отворен со обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Н.Е. Тимчо Муцунски.
На панел-дискусијата учествуваа амбасадорите на неколку франкофонски земји акредитирани во Република Северна Македонија, меѓу кои Франција, Швајцарија, Романија и Грција, кои преку свои излагања ја истакнаа важноста на Франкофонијата како платформа за мултилатерализам и културна разновидност.
Темата на панелот беше фокусирана на значењето на Франкофонијата како заедница на вредности, културен дијалог и солидарност, со посебен осврт на нејзината улога во современиот геополитички и регионален контекст.

„Франкофонијата не е само заедница на јазик, туку пред сè заедница на вредности – дијалог, еднаквост, почит и соработка. Во време на глобални предизвици, овие вредности се поважни од кога било и претставуваат патоказ за стабилност и развој во нашиот регион и пошироко,“ истакна министерот Тимчо Муцунски.
„Членството во Франкофонијата го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, но и на сите вредности на современото македонско општество – мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста“, додаде тој, нагласувајќи дека францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина.
Во своите обраќања, дипломатските претставници на франкофонските земји нагласија дека Франкофонијата претставува силна основа за градење мостови меѓу културите, поддршка на мирот и демократијата, како и промоција на образованието, младинските перспективи и родовата еднаквост. Тие ја подвлекоа и важноста од продлабочување на регионалната соработка во духот на франкофонските вредности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

