Македонија
Објавен конкурсот за реонски попишувачи

Објавен е конкурсот за пријавување кандидати за реонски попишувачи и инструктори.
Конкурсот е достапен на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk, каде што е активна и апликацијата за електронско пријавување.
Државниот завод за статистика ги повика сите заинтересирани, како и сите оние што се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим, кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот попис на населението, домаќинствата и на становите.
„Придонесот на секој од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на пописот и како даватели на податоци придонесуваме за креирање една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент. Оваа прецизна слика ќе овозможи донесување издржани политики, базирани на најнови податоци, со кои ќе се планира развојот на секое поле од живеењето и работењето“, велат од Државниот завод за статистика.
Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следува тестирање, избор и обука на избраните кандидати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.