Македонија
„Ова со Бисера Антоанета е само почеток, Битиќи да молчи да не почнеме да вадиме за него, па да плаче“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Таман помисливме дека неуспешниот Фатмир Битиќи се опамети, тој пак пролупа нова глупост. Мислевме Битиќи преминал во друга политичка партија како што најавуваше, но најверојатно не се договорил за позиција, па сега пробува да му се допадне на Венко Филипче бранејќи ги криминалите на неговите сопартијци“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на статусот на Фатмир Битиќи.
„Битиќи да молчи да не почнеме да вадиме за него, па да плаче после дека сме албанофоби како што и вообичаено прави кога нема како да се оправда.
Битиќи мора вака да плаче јавно, бидејќи сега нема делење на финансиски средства на владина седница на неговата сопруга. Им се ускрати тоа право, па станува се понервозен.
Му порачуваме да се вразуми, бидејќи лошо му влијае нервозата на здравјето. Воопшто не сте иновативни и креативни во измислување на оправдувања, прочитана книга сте, затоа и сте опозиција со едвај 15 пратеници помеѓу кои има политички несогласувања и расправии.
Но, за цела среќа Битиќи е небитен лик, а и сега нема каде да дава изјави па така и нема кој да се кара и да навредува новинари по настани да бега од нив.
Повторуваме, ова со обелоденување на трошење на народните пари ќе продолжи и во иднина. Ова со Бисера Антоанета е само почеток.
Вардар не ја пере Бисера, а најмалку Битиќи. Со докази ќе ја информираме јавноста како Владата на СДС и ДУИ ги трошеле парите на граѓаните изминатите 7 години“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

