Македонија
„Овоштарството пред колапс поради вазалната политика и санкциите кон Русија“, вели партијата Левица
„Од државниот Завод за статистика излегоа со бројки кои се поразителни за овоштарството во Република Македонија. Домашното земјоделското производство на храна е постојано на удар од оваа ненародна власт, која е во служба на олигархијата и странските интереси“, вели партијата Левица.
„Во минатата година, забележан е голем пад на извозот на овошје од Македонија и тоа 26%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според податоците од ДЗС, вредноста на македонскиот извоз на овошје во 2023 годинаа изнесувала 44,7 милиони евра, што е за 11,5% помалку во споредба со 2022 година (50,5 милиони евра).
106,6 милиони килограми овошје произведено во Македонија лани било извезено на странските пазари, што е за 26% помалку во споредба со претходната 2022 година (144 милиони килограми овошје). Главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија е производството на јаболка, при што минатата 2023 година биле извезени јаболка во вредност од 14 милиони евра, што е за 8,2% помалку во споредба со 2022 година (15,3 милиони евра).
Од извозот на свежо грозје лани е остварен приход од 12,9 милиони евра, што е за 21% зголемен од претходната година, но извозот количински е намален за 10% и изнесувал 18,4 илјади тони грозје. Исто така, лани голем пад бележи и извозот на јапонски јаболка, лубеници и други овошја.
Македонското овошје лани се продавало на 40 странски пазари, од кои најголем пазар била Србија, каде се продадени 25,2 илјади тони овошје. Извозот на овошје главно е намалено поради тоа што е исклучен од листата рускиот пазар. Во 2022 година, Русија била најголем извозен пазар со извоз на овошје вредно 12,5 милиони евра, што е очигледно дека губитокот од овој пазар тешко се надоместува.
Санкциите спрема Русија и лошите политики на ЕУ ги донесоа земјоделците во Европа на работ на егзистенција, а за тоа сведочат масовните протести последниве три месеци. Инфлацијата не се смирува и цената на храната расте. Истите проблеми ги делат и нашите земјоделци и граѓаните кои мораат да купуваат екстремно скапа храна од увоз.
Само со развластување на власта на СДС-ДУИ ќе спречиме понатамошна штета на домашното земјоделско производство и ќе ги заштитиме земјоделците од дополнително осиромашување“, соопшти партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.