Македонија
Огнената група од ДУИ: Артан Груби и Бујар Османи ги имаат најслабите резултати во Владата

„Нашите забелешки не беа разгледани во партијата и затоа му се обраќаме директно на членството преку медиумите“, истакна денеска на прес-конференција Изет Меџити, предводник на т.н. огнена група во ДУИ, која го изрази незадоволството од работењето на своите министри во Владата.
„Од Владата бараме одговорност за неефикасното работење. Артан Груби и Бујар Османи ги имаат најслабите резултати во Владата и првпат рејтингот на албанската позиција го надмина рејтингот на ДУИ“, рече Меџити.
Во огнената група во Демократската унија за интеграција се пратеникот Изет Меџити, градоначалниците на општините Сарај и Чаир, Блерим Беџети и Висар Ганиу, како и ексфункционерот Муса Џафери.
Во новото претседателство што го предложи Ахмети беа избрани и членовите на ова група, кои неодамна изразија незадоволство од работата на Владата, особено од вицепремиерот Груби.
Од оваа група за потпретседател на ДУИ беше избран Изет Меџити, а Блерим Беџети беше избран за организациски секретар.
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула.
Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.