Македонија
Одбележани 17 години од загинувањето на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров
Општина Штип го одбележа денот на загинувањето на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров. Делегација на Општина Штип положи цвеќе на споменикот на бранителите во месноста К’р Теке, а присуствуваа и делегации од Советот на Општина Штип, гарнизонот на АРМ во Штип, политички партии, како и семејствата на загинатите.
„Овде сме за да им оддадеме почит на бранителите, но и за да испратиме порака дека нивната пожртвуваност не била залудна. Овде сме за да им оддадеме почит на бранителите, но и на нивните најблиски зашто тагата треба да се сподели, но и за да им кажеме дека нивните жртви и дела нема да бидат заборавени. На денешен ден, точно пред 17 години, во 2001 во воениот конфликт нашите сограѓани Влатко Петров и Димитар Двојаковски го дадоа својот живот за одбрана на нашата татковина. Тие се меѓу првите загинати во воениот конфликт“, рече претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов.
Според него, војните и меѓусебните немири и раздори се далеку зад нас и нè обврзуваат да се сеќаваме на тие немили настани, да се сеќаваме за да не ги повторуваме бидејќи секој заслужува мирен и достоинствен живот. „Денес, во 21 век, одлика на денешнината треба да бидат мирот, сакањето, почитта и соживотот, за тоа се боревме и кон тоа ќе се стремиме. Нашите другари и сограѓани Влатко Петров и Димитар Двојаковски починаа без да умрат бидејќи секогаш ќе се сеќаваме на нивниот придонес за нашата држава.
Благодарноста кон нивното дело секогаш ќе биде премала во споредба со нивната саможртва втемелена во идината на својата татковина“, истакна Миланов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

