Македонија
Одбележан 4 Мај, Денот на општината Маврово и Ростуше
„Од формирањето на локалната самоуправа на Маврово и Ростуше до сега се постигнати одлични резултати во севкупниот развој на општината. Локалната власт има реализирано бројни проекти во сферата на инфраструктурата и туризмот со кои видно е подобрен животот на локалното население“, истакна градоначалникот на општината, Медат Куртовски, на свеченоста што се одржа денеска по повод 4 Мај, Денот на општината Маврово и Ростуше.
Покрај проектите на локално и централно ниво, општината има реализирано и проекти од програмите на ЕУ, особено во сферата на меѓуграничната соработка на Македонија и Албанија, додаде градоначалникот Куртовски. Новата локална власт ќе продолжи да работи во реализација на проекти кои се поврзани со зголемувањето на вработеноста, развојот на туризмот, но и поттикнување поповолни услови за инвестирање на печалбарите од овој регион, кои се на работа во земјите на ЕУ, додаде Куртовски.
На свеченоста што се одржа во спортската сала ,,Македонија“, која се наоѓа покрај реката Радика, пред голем број жители од оваа рурална општина беше изведена богата културно-уметничка програма во организација на училиштата од селата Скудриње, Маврово, Жировница и Ростуше, во која дојде до израз богатиот фоклор од овој регион.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

