Македонија
Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Претставници од локалната самоуправа, делегација од Советот на Општина Битола, претставници на организаторот и дел од гостите на ИФФК „Браќа Манаки“, како и претставници на Комуната на Власите – Арманите и на Фестивалот на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, денес положија свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки, на Влашките гробишта во Битола.

SONY DSC
На овој начин, како и секоја година за време на фестивалот „Браќа Манаки“, им беше оддадена почит на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки. Присутните гости од другите земји беа запознати со биографијата на браќата Манаки, нивниот филмски опус и историското значење на нивните филмски записи. Градот Битола, благодарение на браќата Манаки, денес го има првиот светски фестивал наменет за кинематограферите по што е препознатлив во светот на филмската уметност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.