Македонија
Од вечерва ќе биде отворена адреналинската патека во центарот на Скопје

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите од вечер ќе можат да ги покажат своите вештини на новата адреналинска патека во центарот на Скопје, пред Олимпискиот базен.
Покрај големиот полигон, има и мал полигон што е специјално прилагоден за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички.
Денеска ќе биде поставен и штанд за бесплатно изнајмување велосипеди и опрема за сите оние што сакаат да ја возат новата патека и да уживаат во адреналинското возење.
Pumptrack полигонот е со вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 06 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош, Сарај и Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од село Горно Нерези и Горни Крушопек, општина Карпош и општина Сарај;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Призренска бр. 1, 2, 3, 6, 8, 9, 18, 22 и 53, општина Бутел.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч). Во понеделник попладне на планините ќе има услови врнежите да преминат во снег.