Македонија
Од денеска акција за пролетно расчистување во Кисела Вода

Акцијата за пролетно расчистување почна денеска во општина Кисела Вода. Педесетина сезонски работници ангажирани од Општината преку Секторот за месна самоуправа распоредени во повеќе тимови во нaрeдните неколку дена ќе работат во урбаните заедници Цветан Димов и населбата Драчево.
„Се чисти рачно и со помош на камиони. Каде што има потреба, се кастрат и исушените гранки од дрвјата. Доколку дозволат временските услови, сметот ќе се чисти од сите месни и урбани заедници и акцијата ќе трае во наредните две-три седмици. Општина Кисела Вода ја користи оваа шанса уште еднаш да апелира за подигнување на свеста на граѓаните во поглед на правилното одложување на сметот и незагрозувањето на животната средина“, соопшти Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: 38 возила ставени во употреба за гаснење пожари, Владата има конкретен план за справување со пожарите во претстојната сезона

„За разлика од годините наназад оваа година Владата одвои повеќе ресурси и средства со коишто борбата против пожарите ќе се поедностави, а капацитетите се зголемуваат. СДС ја оставија државата без опрема за гаснење пожари и без луѓе. СДС 7 години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари. За разлика од тогаш денес Владата има конкретен план за справување со пожари во претстојната сезона“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите, Македонија за прв пат со оваа Влада добива интервентна пожарна со 50 специјализирани возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени.
Досега имаше само територјални противпожарни единици но немаше ниту едно шумско возило или возило за отворен пожар.
Армиските и полициските возила се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување со цел зголемување на капацитетите за справување со пожарите во земјава.
Со пренамена на полициски и армиски возила државата заштедува неколку десетици милиони евра а се зголемуваат капацитетите за гаснење на пожари.
Исто така се очекува во текот на неделата да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, а третиот се очекува да дојде до крајот на месецот или почетокот на август.
На располагање се и по два полициски и армиски хеликоптери кои се подготвени доколку има поголеми пожари и огнени стихии.
Со цел подобрување на состојбите во противпожарните единици ширум Македонија, кои од минатата власт беа оставени во катастрофална состојба без соодветни технички услови и човечки ресурси, се работи и на засилување кадровскиот потенцијал.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна и целосна трансформација на целиот систем за управување со кризи.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и има план за полесно справување во претстојната сезона на пожари“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ДУИ: Мицкоски призна дека предлогот за оданочување на невенчаните била ‘фрлена’ тема за намерно одвлекување внимание од итните прашања со кои се соочува државата

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за правецот што го зазеде новата влада и за нејзините намерни обиди да го дефокусира јавниот дискурс од стратешките прашања од клучно значење за државата, а особено од европската интеграција. Сме сведоци дека вчера самиот премиер Христијан Мицкоски јавно призна дека предлогот за оданочување на невенчаните лица била ‘фрлена’ тема со цел да се предизвика дебата, односно намерно средство за одвлекување на вниманието од реалните и итни прашања со кои се соочува државата“, велат од ДУИ.
„Ова признание од страна на премиерот е алармантно, бидејќи потврдува дека оваа влада не се води од долгорочна визија за државата, туку од дневно политички калкулации, со цел да се прикријат неуспесите и вистината да се држи далеку од јавноста.
Вистината е дека Северна Македонија сè повеќе тоне во изолација. Тоа го потврдува и последниот извештај на Европскиот парламент, во кој се истакнува стагнацијата на државата во процесот на интеграција, зголемениот руско влијание и концептот на „српскиот свет“ во внатрешната политика, како и недостатокот на демократски напредок.
Јасно е дека руското влијание и концептот на „српскиот свет“ имаат за цел да ја држат Северна Македонија изолирана, далеку од Европската унија и западните вредности. Дел од ова сценарио е и систематското исклучување на Албанците од институциите, од носењето одлуки и од јавниот живот.
Оваа влада, наместо да биде фактор на обединување, се движи по опасен пат кој има за цел меѓуетничка поделба, маргинализација на Албанците и ослабување на евроатлантската ориентација на државата.
ДУИ ќе продолжи цврсто да стои во одбрана на евроатлантските интереси на граѓаните и на државата, спротивставувајќи се на секој обид за изолација, дефокусирање или исклучување“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
(Видео) Два полициски хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.
До овој момент исфрлени се повеќе од 30 тони вода и се уште активно оперираат.