Македонија
Од денеска важи изменет режим за повеќе автобуски линии на ЈСП
Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека денеска, петок (30 јули) од 18 часот, поради изведување на градежни активности на дел од булеварот Кузман Јосифовски Питу, на потегот од крстосницата со улица Беласица и улица Никола Карев до крстосницата со булевар Кочо Рацин, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока кон Бит-пазар, мост „Гоце Делчев“, Градска болница, Билна аптека и слично, ќе имаат изменет режим на сообраќање.
Пренасочувањето ќе трае сè до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на БЕГ, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до недела (1 август).
Линиите 3, 3Б, 5, 15, 23 и 27
*после постојката Железничка станица кон центар од булевар Кузман Јосифовски Питу, ќе продолжуваат лево по улица Никола Каре“, десно по булевар Трета македонска бригада, лево по булевар Крушевска република, десно по булевар 11 Октомври кон Градска болница и ќе продолжуваат по својата редовна траса
Линиите 7, 17 и 33
*по булевар Трета македонска бригада (од Поликлиника Пролет), ќе продолжуваат право, па потоа лево по булевар Крушевска република, десно по булевар 11 Октомври кон Градска болница и ќе продолжуваат по својата редовна траса
Линиите 31, 41, 51, 51а, 58, 58а, 58б, 67, 70, 74 и 80а
*од Транспортен центар, лево по булевар Кузман Јосифовски Питу, десно по улица Беласица, лево по булевар Гоце Делчев, па лево по булевар Крсте Петков Мисирков (Црква Пресвета Богородица), право по булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) и ќе продолжуват по својата редовна траса
Линиите 21, 21А и 22
*од Транспортен центар ќе продолжуваат лево по улица „Никола Карев“, па десно по булевар „Трета македонска бригада“, лево по булевар „Крушевска република“, па десно по булевар „11 Октомври“ кон Градска болница и ќе продолжуваат по својата редовна траса
Линиите 18а, 20, 45, 47, 47а, 65Б, 65В, 52, 53, 54, 55, 55а, 55в, 61, 62, 63, 63а, 65, 66, 66а, 68, 69, 71 и 81
*од Транспортен центар, лево по булевар Кузман Јосифовски Питу, па десно по улица Беласица, лево по булевар Гоце Делчев, па десно по булевар Крсте Петков Мисирков (Бит-пазар) и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса
Линиите 11, 11а, 15А, 18, 118, 32, 35, 56, 56а, 60 и 64а
*од Транспортен центар, по постојката Железничка станица кон центар од булевар Кузман Јосифовски Питу, ќе продолжуваат лево по улица Никола Карев, десно по булевар Трета македонска бригада, лево по булевар Крушевска република, десно по булевар 11 Октомври, десно по булевар Кочо Рацин (Југодрво), потоа кон булевар Крсте Петков Мисирков, па лево по булевар Гоце Делчев кон мост Гоце Делчев и ќе продолжуваат по својата редовна траса
Во обратна насока возилата од посочените линии ќе сообраќаат по вообичаената траса.
***
Од ЈСП исто така информираат дека во понеделник (2 август), поради државниот празник Илинден, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници.
Така, од 7 до 19:30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

