Македонија
Од денеска вакцинација и во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“

Министерството за здравство информира дека од денеска почнува вакцинација во малата сала од A1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин.
„Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се огласи девојката која беше пријавена за исчезната: Објавата е лажна

Симона Стојкова, која вчера беше пријавена за исчезната, објави на „Фејсбук“ дека веста за нејзиното исчезнување е лажна.
„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате – објавата што денес се прошири дека сум исчезната е ЛАЖНА!!! Се кренала лажна тревога!!! Ви благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете, но навистина се работи за лажна тревога. Поздрав!“, напиша Стојкова.
Вчера на интернет страницата „najdime.org.mk“ беше објавено дека Стојкова (35) е исчезната. Објавата беше споделувана од корисниците на социјалната мрежа. Според тоа што беше објавено на интернет-страницата, наводно таа се јавила со врискање на денот на исчезнувањето (23.04.2025).
Подоцна од МВР информираа дека кај нив нема пријава за таков случај.
Македонија
Зошто Битиќи чувал класифицирани документи дома во сеф и за што му биле потребни, ЈО да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче е континуитет во начинот на практикување на политиката на Заев, а екс вицепремиерот Фатмир Битиќи олицетворение на таа пракса.
Дали во СДС е пракса или насока и стил на функционирање изнесувањето на класифицирани документи од институциите и дали подоцна истите тие документи им служат за уцени и злоупотреби, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Самиот Фатмир Битиќи, во изјава за медиуми, како што истакнуваат, во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи.
Битиќи, бараат од владејачката партија, да одговори на јавноста за какви класифицирани документи станува збор, како се нашле во неговиот домашен сеф, поради кои причини ги поседува и за што би му послужиле истите.
„Дали поседува сертификат, бидејќи класифицирани документи добиени од кој и да е орган не можат да поседуваат лица без безбедносен сертификат.
Битиќи да одговори дали станува збор за содржина од највисока државна тајна? Дали евентуалното изнесување на тие информации би ја загрозиле безбедноста на државата и институциите на системот?“
Со оглед на тоа дека државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени, од ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваат СДС и Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на информации станува збор.
Битиќи, потенцираат од партијата на Мицкоски, не смеел такви документи да поседува во својот домашен сеф.
„Колку закони прекршил Битиќи? Го повикуваме ЈО да поведе постапка и да го истражи случајот со украдените документи. Одговорност мора да има“.
Македонија
„Вреди“: Формирана заедничка работна група меѓу Македонија и Косово за изградба на патот Тетово-Призрен

Формирана е заедничка работна група меѓу Северна Македонија и Косово за стратешкиот проект за изградба на патот Тетово-Призрен, информираат од „Вреди“.
Ова, како што велат е проект кој со години, според нив, бил сон за граѓаните, а сега со конкретни чекори го претвораат во реалност.
„Со формирањето на оваа група започнуваме нова фаза на дејствување и посветеност. Преку овој проект ќе поврземе два историски града и ќе го олесниме движењето на граѓаните. Дел од оваа работна група од коалицијата „Вреди“ е и заменик-министерката за Транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, која ќе ги надгледува сите потребни процедури, со цел овој проект да започне што поскоро и да оди напред со незапирливо темпо. Ние сме за промени, не за ветувања, туку за конкретни резултати. Затоа што граѓаните заслужуваат проекти кои директно влијаат на нивните животи, а овој пат е еден од најважните“.
Имињата на членовите на групата, според соопштеното, се веќе избрани од двете страни. Во иднина се очекуваат блиска координација и брзи чекори кон фазата на дизајнирање и потоа имплементација на терен.
Буџетот, соопшти „Вреди“ за фазата на проектирање на тунелот е веќе распределен во годишниот буџет на нашата држава, што, како што оценуваат, гарантира финансиска стабилност и волја овој проект да се заврши до крај.
Патот Тетово-Призрен ќе стане реалност, прецизираат од коалицијата.