Македонија
Од денеска Галичник добива летна патронажна служба
Денеска почнува со работа летната патронажна медицинска служба во Галичник, која секој петок во наредните три месеци ќе ротира во овој регион.
Лекар и медицинска сестра од Здравствениот дом Ростуше еднаш неделно во периодот од 9:00 до 14:00 часот на жителите ќе им ја пружат потребната здравствена заштита и нега, како мерење шеќер, притисок, ЕКГ, преврски и давање ампуларна терапија.
„Жителите на Галичник, како и посетителите кои имаат потреба од лекарска помош, можат директно да се упатат во амбулантната просторија во Вила Доста. Препорачливо е со нив да носат здравствена легитимација, исто како кога одат кај својот матичен лекар“, изјави директорот на Здравствен дом Ростуше, Омер Дурмиши.
Преку овој мобилен сервис, се доближуваат услугите поблиску до граѓаните.
Кочани е првата општина, која минатата година почна со имплементација на моделот интегрирана здравствена и социјална заштита, во кој граѓаните од оддалечените места, руралните средини добиваат здравствена заштита во домот.
Патронажната служба ги покажува своите позитивни резултати. Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

