Македонија
Од почетокот на епидемијата со Ковид-19 се заразиле 22.607 лица во земјава

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.607,a бројката на оздравени пациенти е 16.949.
Во земјава од Ковид-19 од почетокот на пандемијата починале 821 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.837.
Како што информираше вчера Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 2.306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на Ковид-19. Починале шест пациенти во болнички услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Петрушевски: ССМ преповторува тези на СДС, целта им е да го закочат развојот на државата

„ССМ преповторува тези на СДС, целта им е да го закочат развојот на државата. Барањата за субвенционирани придонеси од страна на владата се камен за сопнување смислен од СДС, а реализиран од ССМ, кој е препознаен од народот како манипулација“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Крајниот план на СДС е застој во развојот на државата, а ССМ под палка на Слободан Трендафилов кој одработува за неговата позиција е само алатка.
СДС има за цел преку ССМ да ја закочи државата десетици милиони евра наместо во развој да се трошат на придонеси.
СДС сака да нема нови патишта, болници, училишта, градинки. СДС сака да го запре развојот, кој веќе е воочлив.
СДС не може да се помири со фактот што државата тргна напред, а економскиот раст во последните два квартали од минатата година е над 3%.
СДС се свесни дека со вакво темпо на развој на државата, тие уште толку ќе потонат во заборав, па преку вештачки наметнати теми сакаат да бидат актуелни. И за таа тема го користат ССМ и Трендафилов.
Слободан Трендафилов ја злоупотребува својата позиција во ССМ и го внесува синдикатот во непринципиелни сојузи со политичките партии СДС и Левица.
За претседателското место во ССМ, Трендафилов дебело одработува за СДС. И тој и врвот на СДС се коцкаат со иднината на државата. За среќа на државата, прочитани се и народот не ги есапи“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Мојсоска од Левица: За ДПМНЕ во опозиција ССМ и барањата за зголемување на платите беа легитимни, а сега ништо не им е легитимно

„По соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ со кои го нападнаа претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и вчерашната изјава на премерот Христијан Мицкоски во однос на барањата на ССМ и обвинувањата дека ССМ е во коалиција со Левица, СДСМ и ДУИ“, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, потсети дека „во 2022 година токму пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека во Собранието ќе го достави барањето на ССМ за зголемување на платите“:
„Власта започна војна со синдикатите и тоа од највисоката фигура во Владата – премиерот. Вчера Мицкоски изјави дека ‘ССМ станале портпароли на Левица и СДС и дека 7 години претходно не правеле ништо за зголемување на минималната плата’.
Или Мицкоски лаже или не е запознаен што правеле неговите пратеници во опозиција. Токму пратениците од ДПМНЕ (како опозиција) имале состаноци со синдикатот ССМ и ги поднесувале нивните амандмани за зголемување на минималната плата. Истите оние кои сега ДРСКО ги одбиваат!
И пазете, Мицкоски изјавува дека ВЛАДИНА комисија ќе ја утврдува легитимноста на раководството на ССМ. Како истото раководство беше легитимно кога пратениците од ДПМНЕ седеа на маса со нив?!
Премиерот Мицкоски најави дека нема да преговара за минимална плата со “нелегитимен” синдикат. Ама затоа е спремен да преговара со претседател на Стопанска комора која учествуваше во картелско договарање на цените на маркетите и суров грабеж на народот“, напиша пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.
Македонија
Незгода на патниот правец Крива Паланка – Куманово, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин.
Како што извести АМСМ, на излезот од Крива Паланка се случила сообраќајна незгода.
Возилата се пренасочуваат по стариот пат, додаваат од АМСМ.