Македонија
Од рибокрадци во Охридското Езеро одземени 73 рибарски мрежи и 370 белвици
Државниот инспекторат за земјоделството одзел 73 рибарски мрежи и 370 белвици поради прекршување на Законот за Државниот инспекторат и на Законот за рибарството и аквакултурата, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
„На 14 август од страна на овластени лица од ДИЗ извршена е вонредна контрола на потегот над село Калишта и село Радожда. Притоа во водите на Охридското Езеро кај селото Калишта во разни правци од риболовната вода биле затекнати 13 физички лица распоредени во 7 кајчиња што се движеле и поседувале недозволен риболовен алат. Од страна на надлежните лица е извршено пребарување, при што од водите на Охридското Езеро се извадени 73 рибарски мрежи со димензии на окца од 26 милиметри (вкупно 40) и 24 милиметри (вкупно 33) со поединечна должина на мрежа од 50 метри или во вкупна должина од 3.650 метри. Исто така, од водите беа извадени 370 белвици во количина од 33 килограми“, се наведува во соопштението.
За акцијата е изготвен записник и заедно со целокупниот риболовен алат и рибите е предаден на Државниот инспекторат за земјоделството (ДИЗ).
По комплетирање на предметот од страна на ДИЗ, ќе бидат изготвени 13 записници со констатирани прекршоци и на секое лице ќе му биде издаден по еден прекршочен платен налог во висина од 500 евра.
За настанот дополнително од страна на ДИЗ ќе биде известено ОЈО Струга имајќи предвид дека лицата пред да бидат забележани како се движат и се задржуваат во риболовната вода со носење – поседување недозволен риболовен алат, вршеле и незаконит риболов.
Од МЗШВ велат дека вонредниот инспекциски надзор само ги потврдил сознанијата што ги поседувале овластените лица на ДИЗ дека се врши масовно рибокрадење во водите на Охридското Езеро со посебен акцент во село Калишта, село Радожда, село Пештани, но и на некои други локалитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

