Македонија
Од септември повисоки плати за сите здравствени работници
Во врска со вчерашната одлука на Владата за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, министерот за здравство, Венко Филипче, оствари работна средба со претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски. Тој во името на Синдикатот ја поздрави одлуката на Владата за зголемување на платите 5 отсто за сите 19.123 вработени во јавните здравствени установи.
„Со предвиденото покачување, во продолжение презентираме симулации низ апсолутни бројки во врска со покачувањето на бруто-платите – на докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести покачувањето ќе биде во просек 4.548 денари; на докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники во просек 3.756 денари.
Лекарите специјалисти во општите болници ќе земаат плата поголема околу 4.060 денари. На средномедицинскиот кадар во универзитетските клиники и општите болници покачувањето ќе биде околу 1.500 денари. Потенцираме дека со потпишувањето на спогодбата ќе се зголемат платите на сите вработени во јавните здравствени установи“, информира Министерството за здравство.
Зголемувањето ќе почне да се применува со исплатата на септемвриската плата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

