Македонија
Од утре почнува зимскиот возен ред на автобусите на ЈСП

Од Јавното сообраќајно претпријатие на град Скопје информираат дека од утре (1 септември) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по зимски возен ред во согласност со одлуката за линиски превоз на патниците во Скопје.
Ажурираниот возен ред на автобусите на ЈСП, како и на приватните превозници, може да се види на интернет-страницата на ЈСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Марш за ангелите“ – во Кочани утре нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Седмиот „Марш за ангелите“ за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи утре во Кочани.
Маршот на кои семејствата повторно ќе побараат неселективна правда ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
Поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” кое организира бесплатен автобуски превоз од Скопје до Кочани.
Македонија
Со јапонски искуства ќе се трансформира системот за управување со кризи и заштита и спасување, Ангелов ја заврши посетата на Јапонија

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко Стефаноски (носител на соработката) ја завршија исклучително успешната и корисна еднонеделна работна посета на Јапонија што ќе ја продлабочи понатамошната соработка меѓу ЦУК и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), соопшти Центарот за упрвување со кризи.
„Стекнатите искуства и знаења ќе бидат добредојдени во процесот на трансформација на системот за управување со кризи и заштита и спасување (СУК)“, информираат од ЦУК.
Директорот Стојанче Ангелов, изрази голема благодарност до Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија којашто ја овозможи оваа работна посета покривајќи ги сите трошоци, вклучително и авионските билетите и хотелското сместување во Јапонија.
Од ЦУК додаваат дека за повеќето информации од конкретни активности во Јапонија, јавноста ќе биде информирана во наредниот период.
Македонија
Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи, во предметот „Онкологија”.
Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка .
„Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита“, велат од Обвинителството.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и обвинителката Ана Гоговска Јакимовска претходно на прес-конференција информираа дека се поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози. Според обвинението, 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија.