Македонија
Владата воведува полициски час – забрането движење за сите граѓани од 21 до 6 часот
Од утре во земјава стапува на сила полициски час, односно ограничување на движењето на сите граѓани.
Како што објави на „Фејсбук“, техничкиот премиер Оливер Спасовски, се забранува движење на населението во периодот од 21 до 6 часот секој ден.
Како што соопшти тој, Владата за првпат во историјата на земјата, на цела територија воведува ваква радикална мерка со цел да го заштити здравјето на граѓаните од коронавирусот.
„Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, напиша Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од Аеродром и Чучер Сандево без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Богомиски Поход. ( општина Аеродром )
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Мирковци. ( општина Чучер Сандево )
Македонија
Времето денес магливо и студено
Времето денес по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено.
Во останатите подрачја ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во местата со магла максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени.
Во Скопје во поголем дел од денот ќе биде магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени, јавува УХМР.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што снежната покривка и понатаму ќе се намалува.
По котлините ќе биде магливо и постудено, особено во претпладневните часови.
Македонија
Нема пари за плати, нема лекови а власта запнала авион за функционери да купува, велат од СДСМ
Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните, реагираат од СДСМ.
„Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери. Баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија. Ветувањата за скромност пред изборите ДПМНЕ ги замени со аздисаност и луксуз за функционерите. Мицкоски си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните“.
Ова, според нив, ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.
СДСМ како што додаваат, е против и заедно со граѓаните ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ.