Македонија
Од 1 јуни ќе има венчавки во „Порта Македонија“

Постигнат е договор за користење на свечената сала во објектот Порта Македонија, со цел организирање на церемонии на венчавање и вршење на соодветните услуги за запишување на брак во матичните книги.
Според договорот, Управата за водење на матични книги ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки.
Соработката помеѓу Управата и Музејот на македонската борба стапува во сила од 1 јуни 2025 година и ќе трае до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување по взаемна согласност на страните.
„Ова претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи им да го реализираат чинот на венчавање во посебен, достоинствен и незаборавен амбиент – во срцето на Скопје“, велат од Управата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Над 15.000 матуранти утре ќе полагаат мајчин јазик и литература

Над 15.000 матуранти утре ќе го полагаат мајчин јазик и литература, задолжителен дел во рамки на првиот екстерен испит.
За државна матура годинава се пријавени 15.004 кандидати, од кои 8.816 ученици се од средните стручни училишта, 5.966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование.
Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика), ќе се полага на 11 јуни.
Матурантите кои во јуни нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора шанса. На 12 август е испитот по мајчин јазик, а два дена подоцна е полагањето на изборниот екстерен испит.
Македонија
Вкусна трпеза и музика во 18 часот во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува скопјани денеска во 18.00 часот на добра традиционална македонска и европска трпеза во Паркот на Франкофонијата. Герасимовски вели дека културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“ e можност за дружење, културна размена и зајакнување на заедништвото.
„Денеска, со почеток во 18.00 часот повторно го организираме настанот ‘Нож и виљушка на европска чинија’, кадешто ќе дегустираме вкусна храна и ќе слушаме добра музика од диџеј Зоки Бејбе и Наде Талевска бенд. Центар поврзува – преку храна и музика. Ве чекаме во Паркот на Франкофонија да го прославиме богатството на различности со убава трпеза и пријатна атмосфера“, истакнува Герасимовски.
Гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“ е организиран од Општина Центар и истиот е отворен за сите граѓани.
Македонија
Објавен конкурсот за државната награда „Св Климент Охридски“ за 2025 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година.
Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Конкурсот за државната награда ќе трае од 1 до 30 јуни 2025 година.