Македонија
ОМД ќе го одликува Џери Наумов на свеченоста по повод 20-годишнината во Мичиген
Долгогодишниот член на Советодавниот одбор на ОМД, Џери Наумов, ќе го добие признанието “ОМД Награда за Јавно Делување во Служба на Македонското Наследство”.
Оваа специјална награда ќе биде врачена на свечената гала вечер по повод 20-годишнината на ОМД и на церемонијата за наградите „40 Под 40“ на Македонската дијаспора, која ќе се одржи во сабота, на 27 септември 2025 година, во хотел Marriott Renaissance Center, во Детроит, САД.
„Доживотната посветеност на Џери Наумов кон напредокот на Македонија, неговата работа во јавниот сектор и неговите неуморни напори за унапредување на глобалната македонска заедница се вистински пример за визионерско лидерство. Од неговиот влијателен мандат како министер за странски инвестиции на Македонија, до неговата улога како почесен претседател и коосновач на Taskforce BPO – една од најбрзорастечките компании во Југоисточна Европа, Џери е силен поддржувач на отворање работни места, економски развој и меѓународно признавање на Македонија“, велат од ОМД.
Денес, тој продолжува да биде лидер како Главен независен член на Одборот на директори на Rumble, претседавајќи со Комитетот за номинации и корпоративно управување, а истовремено е член и на Ревизорскиот комитет.
Надвор од неговите професионални успеси, длабоко вкоренетото македонско потекло и неговата лична животна приказна, израснат во сплотено македонско имигрантско семејство во Колумбус, Охајо, ги отсликува вредностите врз кои е основана ОМД. Заедно со неговата сакана сопруга ЛуАнн, нивните шест деца и осум внуци, Џери продолжува да инспирира со својата непоколеблива посветеност кон иднината на Македонија.
Меѓу досегашните добитници на ова признание се амбасадорката Љубица З. Ацевска, Вонна Битове, Евелин Дину, д-р Срѓан Керим, Милчо Манчевски, амбасадорот Крис Шапарданов, Луи Темелковски и Лу Влашо.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

