Македонија
„Омразата, бализмот и вандализмот не водат кон соживот за кој повикуваат етнички профилираните партии“, велат од партијата Левица
„Знамето на Република Македонија – запалено од страна на необалистичките структури во државава и истото оштетено виси над месна заедница во Куманово. Под изгореното македонски знаме и низ целиот објект на Месната заедница, со спреј е исцртано албанското знаме, како и симболот на терористичката УЧК“, соопшти партијата Левица.
„Ова претставува последното во долгата низа еклатантни непочитувања на македонското знаме, како и на останатите државни инсигнии, кое е предводено од страна на лидерите на коалиционите партнери на СДСМ и ДПМНЕ, необалистичката коалиција ВРЕДИ и терористичката ДУИ, чии политичари меѓусебе се натпреваруваат во ширење на омраза, национализам, промоција на балистички и великодржавни идеи, кои создаваат и разгоруваат етнички мотивирани тензии.
Сметаме дека случувањата инспирирани од омраза се директна последица на промоцијата балистички и великодржавни идеи од одредени политичари, како и несанкционирањето за антидржавната политика која отворено се заговара!
Согласно на член 8 од Законот за употреба на Грбот, Знамето и Химната и член 178 од Кривичниот Законик, намерното кинење, палење, газење или на било кој начин сквернавење на македонското знаме (и останатите инсигнии) претставува кривично дело казниво со парична глоба! Поради тоа, #Левица апелира до надлежните институции што побрзо да ги пронајдат сторителите.
Потсетуваме дека претходно се отвори нелегален музеј во Општина Куманово, како и неколку споменици на УЧК во различни општини, кои се толерираат од локалните, но и од централната власт. Паралелно со ова, сведочиме на промена на имиња на улици и институции, кои се преименуваат по прокламирани фашисти и балисти, додека истовремено сведочиме како спомениците на партизаните од Македонија, се уништуваат од вандали, додека државата умислено не презема ништо за нивна заштита.
Ја потсетуваме јавноста дека Политичката партија Левица во својата програма се залага за воведување на Државен инспекторат за инсигнии, кој ќе биде надлежен за контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти. Воедно ги повикуваме политичарите од т.н. албански етнички блок на партии, да го осудат настанот и лично се заложат за прекин со ваквите пракси, кои се резултат на нивните политички ставови и националистичка реторика“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

