Македонија
Опозицијата бара да се осуди одлуката за нова кандидатура на градоначалникот на Лозово
Кандидатот на СДСМ за Лозово, Ацо Велковски, малтретираше бремена жена која го загуби бебето од стрес, ги повикуваме сите општествени чинители да ја осудат одлуката на Заев, порача на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.
„Велковски вршеше повеќемесечен мобинг и малтретираше жена која претходно 14 години била вработена во општината, но како резултат на бруталната тортура, истата доживеа спонтан абортус на нејзиното 7-месечно бебе, а потоа беше избркана од работа. Сторијата на Виолета Колева е тажната реалност која ја живееме со СДСМ и тажната реалност со која се соочуваат многу жени со оваа власт“, рече Панова.
Таа нагласи дека со самото тоа што Заев го предлага Ацо Велковски како кандидат за градоначалник за Лозово го одобрува мобингот врз Виолета, а истовремено остава можност и за малтретирање и мобинг во иднина.
Панова додаде дека никаде, а најмалку во политиката не смее да има место за насилници и луѓе што малтретираат и вршат мобинг врз жени. Таа го повика Клубот на пратенички во Собранието да реагира и да ја осуди одлуката на Заев и СДСМ за кандидирањето на Ацо Велковски.
Истовремено ги повикува Хелсиншкиот комитет, Маргини, но и други невладини организации кои се занимаваат со заштита на човекови права да го осудат овој чин и да побараат одговорност.
Панова побара реакција и од Народниот правобранител, но и од сите институции кои до сега молчат во однос на овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

