Македонија
Општина Аеродром: Нема да се гради паркинг кај воените кули, зеленилото ќе остане
Градоначалникот Златко Марин и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, по барање на станарите на трите воени кули од улицата Методија Шаторов-Шарло, вчеравечер одржаа средба во Стар Аеродром.
На средбата градоначалникот им даде уверување на граѓаните дека паркингот зацртан во ДУП-от на нивната локација нема да се гради, туку ќе се задржи постојното зеленило. Уште повеќе, тој им вети дека покрај тоа зеленило, ќе се изгради и нов парк во непосредна близина на овие кули.
Што се однесува до прашањето за паркирањето во оваа населба, градоначалникот им одговори дека заедно со Град Скопје и Сообраќајната полиција ќе се разгледа можноста за воведување резидентно зонско паркирање и евентуално еднонасочен сообраќај, со што би се избегнал метежот.
На средбата исто така стана збор и за други тековни комунални прашања. Тој најави дека во близина на нивните згради по барање на граѓаните, набргу ќе се изгради и парк за миленичиња, како и две детски градинки – едната во рамките на ООУ „Блаже Конески“, а другата во рамките на „Црвенкапа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

