Македонија
Општина Аеродром отвори линија за пријавување проблеми со јавното осветление

Општина Аеродром отвори телефонска линија на која граѓаните, почнувајќи од денеска, ќе може да пријавуваат проблеми со јавното осветление. Целта на оваа линија е навремено решавање на проблемите на граѓаните што се поврзани со уличното осветление на територијата на Аеродром.
Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број 072/270-886 од 7.30 до 15.30 часот или, пак, во секое време по порака, на електронската адреса [email protected], со писмено барање во просториите на Јавното претпријатие, како и преку урбаните заедници на Општина Аеродром. По добивањето на пријавата, службите задолжени за неговото одржување навремено ќе реагираат на терен.
Јавното претпријатие одговорно за јавното осветление на општина Аеродром ја следи состојбата со улично осветление и навремено презема мерки за негово подобрување.
Исто така, службите ќе вршат редовни ноќни контроли за согледување на состојбите и отстранување на сите утврдени дефекти, со цел поголема безбедност на граѓаните, како и поголема заштеда на електрична енергија во време на енергетската криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.
Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.
Македонија
Дрво падна кај Млечен, оштетени три автомобили, скинати кабли од бандера

Дрво попладнево падна на улицата Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“.
Паднатото дрво има оштетено три автомобили.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека полицијата е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.
Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.
Известени се надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.
Фото: Илустрација