Македонија
Општина Аеродром ја зајакнува соработката со дијаспората
Во просториите на Општина Аеродром, денеска, се одржа работна средба меѓу градоначалникот Тимчо Муцунски и министерот задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи, на која двете страни потпишаа договор за заемна соработка, кој предвидува отворање центар за дијаспора во Општина Аеродром.
Центарот за дијаспора ќе има посредничка улога, односно ќе биде линк меѓу граѓаните од дијаспората и Општина Аеродром, преку кој тие ќе има пристап до потребните информации. Улогата на овој центар во иднина ќе биде да: иницира соработка на локални организации со организации од дијаспората за реализација на заеднички проекти, поттикнува т.н. дијаспора-туризам, води евиденција за бројот на дипломирани студенти од локалната дијаспора, промовираат програми за мобилност на млади, поттикнува и промовира збратимување на градовите со општини во странство, каде што живеат Македонци и др.
„Се надевам дека во иднина на оваа соработка ќе ѝ следува успех за заедно да ја вратиме довербата на граѓаните од дијаспората и да им го олесниме пристапот до нивните права во нивната татковина“, изјави министерот Чупи по потпишувањето на договорот.
![]()
Градоначалникот Муцунски истакна дека нашите граѓани што живеат во странство се составен и важен дел од нашата земја и токму поради тоа денешниот настан има големо значење. Имајќи ја предвид важноста на дијаспората, ние како локална самоуправа имаме обврска да преземеме активности со кои ќе се зајакнат конекциите што тие ги имаат со Македонија.
„Општина Аеродром е една од првите општини во која се отвора ваква канцеларија и за мене претставува вистинска чест што токму преку нашата општина ќе се градат идните врски со дијаспората, но и ќе се иницираат проекти што ќе бидат од значење за Македонците од странство, но и за граѓаните на Аеродром. Преку оваа канцеларија ќе направиме и мапирање на нашите граѓани што живеат во странство, а кои во иднина може да дадат придонес за економскиот, културниот и за научниот развој на општината“, истакна градоначалникот Муцунски.
Со потпишување на денешниот договор Општина Аеродром се обврзува да ги обезбеди сите неопходни услови за непречена работа и функционирање на оваа канцеларија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски ги оцени изборите како најмирни по последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени
Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Изборниот процес кажа дека минал без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани кои би го довеле во прашање интегритетот на изборите.
„Граѓаните, институциите, и МВР покажаа зрелост и одговорност што придонесе Македонија да има едни од најмирните избори во последните години. Во текот на денот низ целата држава беа пријавени вкупно 30 настани од кои најмногу пријави беа евидентирани во Скопје. Најчестите пријави се однесуваа на агитирање во близина на гласачки места, вкупно седум случаи, можен поткуп при избори или гласање пет настани, неовластено присуство на гласачко место- четири пријави. Забележани се и изолирани случаи на попречување на гласање, фотографирање на гласачко ливче, неовластено фотографирање на граѓани, како и поединечни настани поврзани со упатени закани. По преземените проверки во 19 од 26 обработени случаи наводите не се потврдени. За дел од нив се утврди дека нема основ за понатамошно постапување, а во други случаи беа изготвени записници и преземени се соодветни мерки. Во моментот за четири настани продолжуваат полициските активности кои се однесуваат на можен поткуп, неовластено фотографирање, агитирање и недолично однесување на членови на избирачки одбор“, извести министерот Тошковски.
Секторот за компјутерски криминал денес регистрирал 18 објави на социјалните мрежи поврзани со изборниот процес. Министерот Тошковски вели дека тие се анализираат и се постапува согласно законските процедури.
Кратко задоцнување на почетокот на гласањето Тошковски рече дека имало на девет избирачки места, а регистрирани се и осум делумно прекини во гласањето поради технички проблеми со апаратите за идентификација кои биле навремено решени и не влијаеле врз текот и законитоста на изборниот процес.
Македонија
Сотир Лукровски прогласи победа во Карпош
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, прогласи победа на изборите.
„Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. Оние што секој ден ме запираа на улица и велеа: „Сотир, време е да се смени нешто!“ Гледавме како Карпош се бетонизира, како зеленилото исчезнува, како улиците стануваат депонии, а луѓето неми сведоци на неправда. Тоа беше реалноста. Но вечерва, таа реалност завршува. Вечерва започнуваме ново поглавје. Време на ред, визија и работа. Време кога општината ќе биде сервис за граѓаните, а не алатка за лични интереси. Време кога ќе се слуша секој глас, и ќе се гледа секое дело“, напиша Лукровски на Фејсбук.
Македонија
(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје
Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и наводи за поткуп во однос на тоа граѓаните да не излезат на гласање, што за нас е тешка повреда на изборното право, велат од партијата Левица.
Како што известија од Левица, оваа година се обиделе да покријат максимален број избирачки места со свои набљудувачи, а со тоа очекуваат да бидат воочени сите нерегуларности.
„Резултатите коишто ги имаме се се уште неизвесни. Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје. Засега знаеме дека во Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода, каде што актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски учествува во изборите за вториот круг, забележавме дека имаме водство, што навистина ја отсликува волјата на народот“, соопштија од партијата Левица.

