Македонија
Општина Брвеница ја доби првата детска градинка

Во општина Брвеница денеска беше отворена првата детска грдинка „Сонце-Диели“.
На отворањето присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која рече дека градинката има капацитет за 65 деца, кои ќе бидат организирани во 4 групи.
„Градинката е изградена со средства од Министерството за труд и социјална политика во износ од 22 милиона денари и е првата детска градинка во Брвеница“, истакна министерката.
Таа ја потенцира важноста на предучилишното воспитание и образование, како и важноста од квалитетни и обучени кадри што се грижат за најмладите.
Градоначалникот на Брвеница, Енвер Пајазити, изрази големо задоволство што општината ја добива својата прва градинка, како и можноста најмладите жители на оваа општина да добијат предучилишно воспитание и образование во местото каде што живеат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.