Македонија
Општина Центар ја додели наградата „Феникс“
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска ја додели наградата „Феникс“. Оваа награда годинава ја добија Стоилко Стоицев за постигнување во планинарството, Александар Герасимовски за постигнување во уметноста – музика, Марко Костов за постигнување во природните науки, Марко Ристов за постигнување во спортот – фудбал, како и туристичката агенција „Атлас корпорејшн“ за постигнување во туризмот.
„Доделувањето на наградата ‘Феникс’ за најдобри постигнувања ни е еден од најдрагите и најбитни проекти затоа што сакаме да ги наградиме и стимулираме оние што дале свој придонес во развој и афирмација на општината. Ги поттикнувам оние што се најдобри и чии достигнувања се од значење за развојот на општината да продолжат и да постигнуваат што поголеми резултати“, рече градоначалникот.
Наградата „Феникс“ првпат е доделена во 2002 година и се доделува на физички и правни лица, жители на општина Центар, како знак на општествено признание за особени постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштита и унапредување на животната средина, стопанството, како и други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.
Наградата е наречена по митолошката птица феникс, која е симбол на општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

