Македонија
Општина Центар: Ќе се реконструира раскопаната улица во Маџир Маало
Општина Центар ја прифаќа забелешката од денешното соопштение на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Центар, иако не наведуваат дека фотографиите и текстот за водата на раскопана улица се однесуваат само за Маџир Маало. Потсетуваме дека се работи за улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ за која има поделена надлежност меѓу општина Центар и општина Аеродром, соопштението на општина Центар.
„Претходниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај многуте барања и укажувања не ја даваше согласноста да почне комплетната реконструкција на улицата. Поради намерното кочење од ВМРО-ДПМНЕ, улицата во Маџир Маало е во оваа состојба. По смената на власта, добиена е согласноста од општина Аеродром и завршени се сите подготовки за да почне реконструкцијата.
Во понеделник градоначалникот Саша Богдановиќ, на прес-конференција ќе ги објави деталите и плановите за улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ која по 50 години ќе добие нова канализациона мрежа, асфалт и тротоари“, се вели во соопштението.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар обвии дека Општина Центар е во катастрофална состојба. Поплавени и раскопани улици на секој чекор, а дека главен виновник е градоначалникот Саша Богдановиќ кој и после шест месеци откако е седнат на фотелјата нема мрднато со малиот прст да го реши овој горчлив проблем на центарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

