Македонија
Ораторска вечер по повод Меѓународниот ден на Ромите
Реалното секојдневие и предизвиците на Ромите беа дел од темите кои вчеравечер ги говореа ораторите на темата „Ромскиот народ – минато, сегашност, иднина“. Ораторската вечер ја организираше Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
„Овогодишните ораторски настапи испраќаат неколку пораки. Прво, еднакво општество за сите значи еднаквост во спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, односно унапредување на состојбите со вработувањето и употребата на ромскиот јазик, како и прифаќање на позитивните политики како јавни политики. Второ, да се прекине веднаш со негативните вести за Ромите во медиумите и да се зајакне борбата против семејното насилството и насилството врз жената. Последно, да прекине поданичкото однесување, да ја поддржиме и да се приклучиме кон критичката маса за да се бориме да се појави новото лидерство кај ромската заедница“, изјави проектниот менаџер на ЗГ „Ромаверзитас“, Силхан Саитов.
Учесниците говореа на различни теми повразни со секојдневието и со предизвиците на обичните граѓани. Ариф Адеми говореше за „Едно општество за сите… ама во Германија!“, а Фатима Сали се осврна на „За медиумските работи“. Нивната колешка Семран Сулејман се праша „Дали ќе изумреме?“, додека Цвета Ангелова говореше за „Книгата во рака и напред во борба“. Студентот Руфат Демиров го искажа својот став на темата „Доста бевме идиоти!“, додека Алмира Фасљии се осврна на темата „Дали тунелот има крај?“.
Сите учесници оратори добија благодарници за учеството. Исто така, на ораторската вечер претставници на Ромскиот образовен фонд и „Ромаверзитас“ доделија признанија на дипломираните Роми во прв циклус на студии во 2018 година, награди и признанија за најдобри студенти Роми во „Ромаверзитас“ во 2017/18 и сертификати за учество на работилници на студенти Роми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

