Македонија
„Организаторите на борбите со кучиња се јавно објавени на Фејсбук – СВР Oхрид да постапи“, бара Левица

„Откако јавноста беше информирана за грозоморните борби со кучиња кои се случуваат во Охрид, на веќе подготвен терен, дел од учесниците во ваквите крвави борби почнаа да се закануваат на здруженијата кои објавија“, велат од Левица.
„Црните пари од овие борби се заработуваат на рингот зад новата база на контроверзниот бизнисмен во Општина Охрид, Нефи Усеини. Дел од информациите кои пристигнаа до Левица се дека земјиштето каде е подигнат рингот е во сопственост на Нефи Усеини, па алармираме до СВР Охрид да преземе дејствија за откривање на сопственикот. Грозоморната и добро организирана криминална шема им е добро позната на институциите и на Секторот за внатрешни работи – Охрид, но досега ниту еден сторител не е казнет! Со оглед на високата партизираност во правосудството, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство (од страна на ДПМНЕ, СДС и ДУИ), јасно е дека овие лица се заштитени од секоја гарнитура на власт!
Во член 233 од Законот за Убивање и мачење животни, во точка 1 стои: „Тој што ќе усмрти животни без оправдана причина или грубо го злоупотребува или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор од три години“. Левица ЛО Охрид смета дека преку ваквото тешко кривично дело уште еднаш испливува на површина хендикепот на институциите конструирани од сите досегашни политички коалиции“, соопшти Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C.
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик, посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии.
„Сметам дека е крајно несериозно такви сериозни предлози да се даваат од обични прес – конференции. Премногу е сериозно и важно прашањето да биде само предмет и обид за некаков дневно политички партиски интерес од страна на ВМРО ДПМНЕ. Сметам дека треба да се направи како предлог во Собранието бидејќи е нешто во што треба да учествуваат сите политички партии. Доколку има таков сериозен предлог ние апсолутно ќе го ќе го поддржиме“, рече Филипче.
Посочи дека ВМРО ДПМНЕ должат пред јавноста да образложат каков план имаат за одблокирање на евроинтеграциите.
„ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали имаат сериозен план, дали имаат сериозен план за дипломатска активност, дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
(Видео) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Денеска (18.07.2025), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.
При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода, соопшти МВР.
Пожарот, како што информираат се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.