Македонија
Османи: Авторитетот на Европската народна партија е од особено значење за аспирациите на Македонија
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари средба со претставници на Европската народна партија (ЕПП) во рамките на Европскиот парламент, предводени од европратеникот Андреј Ковачев.
Како што информираат од неговиот Кабинет, Османи на средбата реферирал за статусот на имплементацијата на планот 3-6-9, особено во делот на реформите на правосудниот систем, реформите на безбедносните служби, како и реформите на јавната администрација како приоритетни области предвидени со извештајот на високата експертска група, но и во извештаите на Комисијата.
„Се наоѓаме во исклучително важен, може да се рече, историски период, кога ни е неопходен национален и општествен консензус за да ги донесеме вистинските одлуки, да ги реализираме визиите и плановите за просперитетна евро-атлантска Македонија, пред сè, затоа што граѓаните тоа го бараат од нас“, истакнал вицепремиерот.
Во оваа насока тој побарал од претставниците на Европската народна партија да се вклучат со својот авторитет не само во асистенција на Владата при имплементација на реформите туку и директно кај политичките партии од сите страни на политичкиот спектар во насока на изградба на потребниот консензус.
Османи посочил и на активностите што се преземаат за навремена подготовка на Владата за почетокот на имплементацијата на предвидените шест носечки иницијативи кои произлегуваат од стратегијата за проширување на Европската комисија за земјите од Западен Балкан до 2025 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

