Македонија
Османи во Анталија на средба со Чавушоглу
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по покана на претседавачот со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, утре ќе престојува во Анталија за да учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ПСЈИЕ.
Османи ќе има одвоена билатерална средба со домаќинот Мевљут Чавушоглу.
Шефот на дипломатијата, Османи, присуството во Анталија ќе го искористи да се сретне и со министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, што воедно ќе биде и прва средба по преземањето на нивните нови должности.
„Османи на состанокот ќе ги претстави националните мерки при справување со кризата предизвикана од пандемијата, можните начини за стратешка соработка и партнерства преку многуте регионални иницијативи, вклучително и Берлинскиот процес, со кој оваа година копретседаваат Северна Македонија и Бугарија“, соопштија од МНР.
Министрите на состанокот ќе дискутираат на темата: „Начини на зацврстување на соработката во справување со пандемијата на Ковид-19 и искуствата на земјите од ЈИЕ“. Фокус на министрите ќе биде да најдат начин за интензивирање на регионалната соработка во време кога Европа и светот се соочуваат со пандемијата предизвикана од Ковид-19, како и кон приоритетите за воспоставување поголема поврзаност на регионот, младината и нејзиното значење во општествата, дигитализацијата, културата и туризмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

