Македонија
Османи во Берлин: Убеден сум дека членството во ЕУ и пред 2030 година е сосема реално и можно
На маргините на министерската конференција посветена на ЕУ проширувањето во Берлин насловена “Проширена, посилна Унија”, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари одвоени билатерални средби со министерката за надворешни работи на Република Словенија, Тања Фајон, со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ, како и со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман.
На средбата со Фајон, Османи ја поздрави поддршката на Словенија за постепената интеграција на земјите кандидати во Европската унија, односно концептот “Повеќе интеграција, пред членството”, инициран од Османи.
„Словенија е силен и отворен поддржувач на пристапниот пат за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и на перспектива за членство за сите земји од Западен Балкан” нагласи Османи.
Ја оцени неодамна потпишаната Заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу Северна Македонија и Словенија како многу добра платформа за натамошно интензивирање на билатералната соработка. Османи изрази задоволство од отворањето на директната линија Скопје – Љубљана, што дополнително ќе придонесе за воведување нова динамика во економската, трговската, но и зголемувањето на обемот на туристичката размена.
На средба со новоименуваниот министер за надворешни работи на Црна Гора, Ивановиќ стана збор за тековниот реформски курс на двете земји, целосната хармонизација со Заедничката надворешна и безбедносна политика и јасна посветеност членството во ЕУ да се реализира во што поскоро време.
„Ја делам убеденоста дека членството во ЕУ и пред 2030 г. е сосема реално и можно“ истакна Османи.
Тој го информираше министерот Ивановиќ за процесот на уставни промени и внесувањето на шест заедници во Уставот, меѓу кои и црногорската.
Во фокус на средбата Османи-Лурман беше традиционалното партнерство меѓу Северна Македонија и Сојузна Германија, значајната соработка во рамки на НАТО, ОН и ОБСЕ како и поддршката за европската интеграција на Северна Македонија.
Во текот на средбите стана збор и за други актуелни прашања од надворешната политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.