Македонија
Османи во Брисел на средба со Даниелсон го презентираше „План 18“
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за Екомонија, Крешник Бектеши, во рамките на работна посета на Брисел остварија средба со Кристијан Даниелсон, генерален директор во Директоратот за Европска соседска политика и преговори за проширување на која ја претстави содржината на новиот реформски План 18.
Османи на средбата изрази задоволство од имплементацијата на Планот 3-6-9, особено неговата валоризација во еден од најпозитивните извештаи за Република Македонија, кој беше придружен со чиста и безусловна препорака за преговори од страна на Европската Комисија. „Владата има цврста определба да ја задржи реформската агенда на врвот на листата приоритети и по завршувањето на имплементацијата на Планот 3-6-9, за што, Секретаријатот за европски прашања презеде обврска и изготви нов реформски план за 2018 година, чија реализација треба да заврши со излегувањето на новиот извештај на Европската Комисија на почетокот од следната година“, оцени Османи.
Тој потенцираше дека Планот 3-6-9 создаде солидна основа и подготовка за имплементација на суштинските и долгорочните реформи во насока на приближување на нашето општество со европското, при што, Планот 18 претставува логично продолжение на реформската агенда на Владата за системска координација и следење на имплементацијата на овие реформи. Во овој контекст тој додаде дека во новиот реформски план влегуваат сите забелешки и сугестии нотирани во Извештајот на Европската Комисија, а истиот ги зема предвид и насоките кои се содржат во шесте водечки иницијативи на Стратегијата на Европската Комисија.
Османи побара од Генералниот директор во Директоратот за Европска соседска политика и преговори за проширување, Даниелсон и од претставниците на Директоратот и тие да придонесат со свои забелешки, сугестии и коментари при финализацијата на содржината на Планот, кој следната недела се очекува да биде усвоен од страна на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

