Македонија
Османи во Будва: Од 1 јули Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Будва. Состанокот се случува неполни месец дена пред формалното преземање на претседавањето од страна на Република Северна Македонија, на 1 јули.
По пленарната сесија, заедно со претставниците на Тројката претседавачи – Грција, Црна Гора и Северна Македонија – Османи ќе одржи конференција за медиумите, додека на маргините на министерскиот состанок, ќе оствари и билатерални средби со свои хомолози, земји-членки на иницијативата.
Процесот за соработка во Југоисточна Европа е формиран во јуни 1996, со цел продлабочување на односите и соработката меѓу земјите од регионот. Иницијативата стреми кон создавање на регион темелен на демократија и економски просперитет и целосна интеграција на овој дел од континентот во европските и евро-атлантските структури.
Северна Македонија е вклучена во иницијативата од самиот почеток а претседаваше со неа во два наврати, 2000-2001 и 2012-2013 година. Покрај Северна Македонија, членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдова, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

