Македонија
Османи во работна посета на Косово: Регионалниот напредок во евро-атлантските структури претставува заеднички интерес

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, во рамките на денешната работна посета на Република Косово, оствари средби со министерката за европска интеграција на Косово, Дурата Хоџа, и со шефицата на канцеларијата на Европската Унија на Косово и специјална претставничка на ЕУ на Косово, Наталија Апостолова.
Во текот на средбата со министерката за европска интеграција тие ја потенцираа заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, како и соработка во оваа насока.
Османи го истакна прогресот во имплементацијата на планот 18 како клучен критериум за успешен извештај од страна на Европската комисија.
Вицепремиерот Османи и шефицата на канцеларијата на Европската Унија на Косово и специјална претставничка на ЕУ, Наталија Апостолова, за време на својата средба разменија мислења за напредокот и предизвиците при имплементацијата на проектите за меѓугранична соработка, особено за проектот „Белановце-Станчиќ“, кој е од особена важност за двете земји, при што заеднички изразија задоволство што тој е во финална реализација.
Претходно, во рамките на работната посета на Косово вицепремиерот оствари средба и со потпретседателот на владата на Косовo, Енвер Хоџај, при што беше потенцирана меѓусебната поддршка на двете земји на патот кон ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички зафати во водоводната мрежа на улицата Филип Втори (пред хотелот Холидеј ИН) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Филип Втори, Мирче Мацан, Мирче Ацев и Кеј 13 – Ноември, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Дел од Батинци денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Батинци, општина Студеничани.
Корисниците ќе бидат без струја од 08:30 до 13:30 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни проследени со појава на грмежи.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.