Македонија
Османи во работна посета на Унгарија, Хрватска, Италија и Белгија
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, патува во работна посета на Република Унгарија. Во текот на посетата на Република Унгарија вицепремиерот Османи ќе оствари средба со Саболч Такач, државен министер за европски работи при канцеларијата на премиерот и претставник на Република Унгарија во Европската Унија, по што ќе оствари средба и со министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
Од Унгарија, Османи продолжува во работна посета на Република Хрватска, каде што на 28.5.2019 година (вторник) ќе оствари средба со министерката за надворешни и европски прашања, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, а ќе оствари средба и со претседателот на Комисијата за европски прашања во хрватското собрание, Домагој Иван Милошевиќ.
Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, како и поддршката од страна на Унгарија и Хрватска за земјава во пресрет на клучните европски самити во јуни.
В четврток, 30.5.2019 година, вицепремиерот Османи ќе отпатува во работна посета во Италија, а веќе в петок, 31.5.2019 година, ќе оствари и работна посета на Белгија. Предвидено е Османи во текот на посетите да оствари повеќе средби со претставници на државниот врв од двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

