Македонија
Османи: Европската перспектива на Западeн Балкан значи стабилност за целиот континент
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари видеосредба со членовите на неформалната пратеничка група „Пријатели на Северна Македонија“ во Европскиот парламент, предводена од европратеничката Ирена Јовева од Словенија. Во групата „Пријатели на Северна Македонија“ учествуваат 30-ина европретставници од Словенија, Хрватска, Австрија, Бугарија, Грција, Франција и од Германија.
Изразувајќи им благодарност на членовите за доброволната активност и директна вклученост во промовирањето на Северна Македонија во евроинтегративниот процес, Османи изрази уверување за идната плодна соработка помеѓу институциите на нашата земја и Европскиот парламент на патот кон почнување и водење пристапни преговори и целосно интегрирање на нашата земја во европското општество.

„Северна Македонија ќе продолжи со сите напори да бара разумни решенија за надминување какви било разлики со Бугарија и останува посветена на реформскиот процес и сите други сегменти, кои се дел од нашите евроинтегративни приоритети. Притоа ние сѐ уште сметаме дека постојат пристојни шанси, доколку го искористиме продуктивно периодот пред нас, да се одржи првата меѓувладина конференција во рамките на германското претседателство“, истакна Османи информирајќи ги притоа пратениците за актуелните случувања поврзани со европската агенда на земјата.
Од пратениците беше истакната силната поддршка за европската перспектива на Северна Македонија. Европскиот парламент како институција останува позитивна кон политиката за проширување и кон позитивните пораки за Северна Mакедонија, вклучително и за почеток на пристапните преговори за што редовно повикува во своите резолуции. Беше нагласена важноста за континуитет на реформите за создавање позитивна атмосфера за почнувањето преговори, при што беше најавено и продолжување на дијалогот „Жан Моне“, со цел интензивирање на соработката помеѓу политичките партии во насока на инклузивност на процесот на преговори. Нагласувајќи го геополитичкиот аспект за важноста на проширувањето на ЕУ со регионот, беше едногласно констатирано дека Западен Балкан е важен не само за безбедноста и стабилност на ЕУ туку и за севкупниот економски, политички и општествен напредок на континентот, соопшти МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

