Македонија
Османи: За една недела Бундестагот ќе даде зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Германија се сретна со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Мајкл Рот.
„Доаѓам на само една недела пред седницата на Бундестагот кога ќе се отвори точката за поддршка не европските интеграции на Република Северна Македонија, да ја пренесам благодарноста на Владата за вашите несебични напори да ѝ обезбедите на мојата земја зелено светло за почеток на преговорите“, истакна Османи на средбата.
Како што соопштија од неговиот кабинет, Османи реферирал пред Рот и за последните актуелности во земјата.
„Остваривме напредок во сите посочени области од страна на Европскиот совет и во континуитет остваруваме солиден ‘трек-рекорд’, успешна имплементација на донесените реформи“, истакнал Османи.
Тој добил потврда од министерот Рот дека германската влада во целост ги поддржува европските интеграции на земјата и дека цврсто ќе застане за време на сесијата на Бундестагот во одбрана на позициите на Владата за почеток на преговорите со Република Северна Македонија во октомври.
Османи од Берлин ќе отпатува за Варшава, каде што ќе остари средби со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович. Посетите на Берлин и Варшава преставуваат дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

