Македонија
Османи за кандидатурата за претседател: Ахмети ми даде можност да бидам носител на една од неговите мисии
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се обрати од САД, со цел да се заблагодари на ДУИ за поддршката да биде кандидиран за претседател на Македонија.
Османи вели дека веста за неговата номинација за претседател му донела пријатели во Америка.
„Ви благодарам за големата поддршка што ја добив од вас за номинацијата да бидам кандидат за прв претседател Албанец на Северна Македонија. Ми претставува огромна чест и со најголема понизност сакам да му се заблагодарам на лидерот Ахмети што ми даде можност да бидам носител на една од неговите мисии, но и на сите партиски структури и на многу политички непознати граѓани, кои станаа дел од сеопфатна државна платформа која вели дека не само што треба да бидам кандидат со единствено локално и меѓународно искуство за шеф на државата, туку пред се треба да бидам носител на идејата дека, како што вели Али Ахмети, дојдено е времето“, рече Османи.
Според него, претседателските избори се референдум за заокружување на целосна рамноправност во државата.
Османи во обраќањето рече и дека се наоѓа во САД, на годишнината од почетокот на руската агресија врз Украина, заедно со група министри за надворешни работи кои биле најгласни во обидот да ги запрат руските империјалистички амбиции да ги нападнат и окупираат нашите земји.
Подоцна, најави Османи, ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации како ретка можност да порача пред светот од најголемиот центар на глобалното одлучување дека е дојдено време да се каже “Не” на Русија и “Да” на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

