Контакт

Македонија

Османи и Димитров во Загреб: Новата методологија е подобра за граѓаните, но посериозен предизвик за политичарите

Објавено пред

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во Загреб се сретнаа со хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, во период кога Хрватска е претседавач со Советот на Европската Унија во првата половина од годинава.

dobivaj vesti na viber

За време на изјавите по средбата, Османи во однос на новата методологија кажа дека документот навистина претставува одлична основа за политички контролиран, но и фер процес на преговори.

„Не е само бирократското и техничко постигнување бенчмаркови, туку процес кој ќе обезбеди јасни критериуми за забрзан развој што ќе биде видлив и за земјите од Унијата, но и за граѓаните на земјите кои преговараат. Ако искрено очекуваме процесот на преговори да претставува процес кој ќе бележи опиплив, долгорочен и одрлив напредок за земјата, тогаш не треба да нè плаши, барем не како граѓани, можноста да се констатира уназадување, па дури и можноста за казни“, оцени вицепремиерот за европски прашања, кој додаде дека новата методологија е подобра за граѓаните, но посериозен предизвик за политичарите.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров кажа дека нашата земја на некој начин има среќа што токму во овој период Хрватска претседава со ЕУ.

„Ова е време на предизвици, но подеднакво и на можности. Новата методологија на ЕК може да биде многу добра за оние кои ќе бидат успешни во спроведувањето на реформите, но и лоша за оние кои ќе бидат неуспешни. Северна Македонија планира да биде добар студент и ќе ги искористи бенефитите од новиот пристап. Очекуваме пробив во март и ќе им помогнеме на хрватските колеги да имаат успех на Загрепскиот самит во мај“, изјави Димитров.

Како што информираат од владината прес-служба, работната посета на Загреб била заокружена со средба на Османи и Димитров со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

 

Македонија

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ во Центар

Објавено пред

Во пресрет на изборите, расте поддршката за кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, чија визија за инклузивен, развиен и современ Центар сè повеќе ги обединува различните заедници.

dobivaj vesti na viber

Денес, Лабудовиќ оствари две исклучително важни и конструктивни средби – со претседателот Миљазим Сакипов и Демократската партија на Ромите, како и со претставниците на Движењето за демократија, права и слобода (ДПС). На овие средби беше потврдена взаемната доверба, заедничката визија и определбата за општина што ќе биде пример за еднаквост, достоинство и меѓусебна почит.

„Нашиот Центар е пример за различност што обединува, и токму во таа различност е нашата најголема сила. За мене, тоа не е само политички став, туку лична определба. Верувам во Центар каде што сите – без разлика на вера, нација, возраст или социјален статус – ќе имаат еднакви можности да живеат подобро, да учествуваат во одлуките и да се чувствуваат вреднувани“, изјави Лабудовиќ по средбата.

Тој истакна дека во наредниот период, заедно со овие партнери, ќе работи на реални решенија што ќе го подобрат секојдневието на граѓаните: подобра инфраструктура, повеќе услови за младите, поддршка за образованието и вработувањето, како и вистинска интеграција на сите заедници во општинскиот живот.

„Центар треба повторно да стане место на доверба и заедништво, општина што слуша, почитува и делува – за секој граѓанин, во секое маало. Со оваа поддршка, испраќаме силна порака дека Центар може да биде симбол на современа, хумана и европска општина што ќе ги обедини луѓето околу доброто, а не околу поделбите,“ додаде Лабудовиќ.

Поддршката од ДПС и Демократската партија на Ромите е потврда дека визијата за Центар како дом на сите добива сè поголема сила и општествено признание. Таа е доказ дека заедништвото и почитта се темелите врз кои може да се гради вистинска иднина.

„Центар е наш заеднички дом. Со заедничка работа, љубов и искреност, ќе го направиме место на еднакви можности, достоинство и гордост за сите негови жители,“ порача Лабудовиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

По шест децении ќе се гради нова амбуланта во Автокоманда

Објавено пред

Министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска, во Министерството за здравство потпишаа заеднички договор за изградба на нова амбуланта во населба Автокоманда, што ќе функционира во рамки на Здравствен дом Скопје.

dobivaj vesti na viber

– Новата амбулантата ќе биде изградена на местото на постојниот дотраен и руиниран објект, што бил изграден непосредно по земјотресот во Скопје, во 1963 година. Изградбата на оваа амбуланта е добар пример за соработка меѓу централната и локалната власт, истакна министерот Алиу.

Општина Гази Баба и Министерството за здравство, согласно договорот ќе соработуваат во изготвување на потребната документација за основниот проект за изградба во сите фази и обезбедување проектна документација за што побрзо реализирање на овој заеднички проект.

Прикажи повеќе...

Македонија

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Објавено пред

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити, нагласувајќи дека не е дел од ниту една влада и дека секогаш стои спроти власта, а не покрај неа.

dobivaj vesti na viber

„Во комуникација со мене — не. Не сум дел од Владата. Не стојам со тие што сакаат да ни ги одземат правата како народ“, напиша Села, додавајќи дека политичките успеси ги мери според тоа колку придонел Албанците да бидат порамноправни, а не според привилегиите на власта.

„Во парламентот ќе имаме работа со вас и со ВМРО, како и секогаш — власта на едната страна, јас на другата. Не рамо до рамо, туку лице в лице!“, порача Села.

Изјавата на Села следи откако Изет Меџити од ВЛЕН, прашан дали имало разговори во насока на приклучување на Села во власта, рече рече дека политичката сцена кај Албанците е измешана и дека комуницира со сите, додавајќи дека можно е да има турбуленции и понатаму.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити,...

Македонија4 часа

(Видео) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што...

Македонија4 часа

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за...

Свет9 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Украина, лансирани дронови и ракети: оштетени станбени згради

Повеќето украински региони останаа без електрична енергија по уште еден масовен руски напад со ракети и дронови врз цивилна и...

Европа10 часа

Франција го менува законот за силување по случајот со Жизел Пелико

Сенаторите вчера ги одобрија измените во францускиот закон за силување што би вклучувале експлицитна согласност, со што законодавството на земјата...

Свет10 часа

Трамп: Средбата со Шји беше неверојатна

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја опиша денешната средба со кинескиот претседател Шји Џјинпинг како неверојатна пофалувајќи ги кинескиот лидер...

Свет12 часа

По 30 години, Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје

Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш...

Свет12 часа

(Видео) Ураганот предизвика огромна штета: премиерот на Јамајка објави снимки од воздух

Бројот на жртви од ураганот Мелиса се зголеми додека минуваше покрај Куба и се движеше кон Бахамите, еден ден откако...

Европа12 часа

Орбан: Европејците сакаат да почнат војна, ние не сакаме да се бориме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија. „Опасноста...

Свет12 часа

Заврши средбата меѓу Трамп и кинескиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со кинескиот претседател Кси Џинпинг во јужнокорејската воздухопловна база, при што двајцата лидери звучеа оптимистички...

Македонија1 ден

Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат: Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и...

Македонија1 ден

(Видео) Митева: Јакимовски да објасни како е можно за една година со семејството да стане сопственик на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, Жданец

„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство...

Македонија1 ден

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат...

Македонија1 ден

Царината заплени речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока,...

Македонија1 ден

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави...

Македонија1 ден

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце...

Македонија1 ден

Обвинение за смрт на работник: камион паднал во Вардар возејќи на импровизирана патека, возачот останал заробен и починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член...

Македонија1 ден

Кривична против поранешен директор, заменик-директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за проневера во службата

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Свет1 ден

Орбан е пред голема дилема: Трамп или руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се наоѓа во незавидна позиција – притиснат помеѓу неговата зависност од руската нафта и притисокот од...

Европа1 ден

Зеленски даде наредба: Украина почнува да извезува оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му нареди на украинското Министерство за одбрана да започне „контролиран извоз“ на украинско оружје во странство...