Македонија
Османи и Димитров во работна посета на Париз

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе престојуваат во работна посета на Француската Република. Покрај средбата со државниот секретар за европски прашања, Амели де Моншален, во француското Министерство за надворешни работи предвидена е и средба со Клеман Бон, советник за Европа во кабинетот на претседателот Емануел Макрон.
Посетата ќе се реализира по неодамнешната објава на извештајот на Европската комисија и препораката за почнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, а во пресрет на претстојниот состанок на Советот на ЕУ. За време на посетата ќе се разменат мислења и за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, како и за процесот на интеграција на нашата земја во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„И во Министерството за земјоделство, Албанците исклучени: 10 – 0“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува најдлабока загриженост за последниот конкурс објавен од Министерството за Земјоделство, каде што од сите назначени државни советници, раководители на сектори, раководители на одделенија и обични советници, ниту еден не е Албанец. Резултатот е јасен: 10 спрема 0“, велат од ДУИ.
„Ова е само уште еден доказ дека оваа влада, која нема етнички легитимитет, спроведува системски план за исклучување на Албанците од државните и јавните институции. Овој план не е нов. Тој е замислен од македонските партии и олигархијата уште во 2022 година и се спроведува чекор по чекор преку административни, политички и уставни одлуки.
Во срцето на овој опасно сценарио стои намерната дискриминација на Албанците, со цел да се намали нивната улога како државотворен и институционален фактор. Овој процес започна со напади врз правичната и соодветна застапеност, со негирање на правото на етничко самоидентификување, со обиди за целосно укинување на употребата на албанскиот јазик, и со практично укинување на двојазичноста во јавните институции.
Уставниот суд, под директива на оваа влада, започна да ги руши темелите на Охридскиот договор, создавајќи опасен преседан за нарушување на меѓуетничката рамнотежа и враќање на државата кон моноетнички и дискриминаторски систем.
Случајот со Министерството за Земјоделство е само продолжение на оваа агенда: во име на „професионализмот“ и „компетентноста“, се прикрива систематско етничко чистење на Албанците од институциите. Албанците не се исклучени поради недостиг на вредности, туку поради нивната национална припадност.
Останатите „претставници“ се само неми набљудувачи, марионети во еден театар на срам кој секојдневно се игра во Република Северна Македонија.
ДУИ ќе продолжи цврсто да стои во одбрана на еднаквоста, правдата и реалната застапеност на Албанците на сите нивоа во државата, силно осудувајќи секој обид за исклучување, дискриминација и укинување на историските постигнувања“, соопшти ДУИ.
Македонија
Викендов казнети 1.336 возачи и пешаци

Во деновите од изминатиот викенд (05./06.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.336 издадени платни налози дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.
Истовремено 121 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 106 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.
Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 168 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 173 за неправилно паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 100 лица кои некористеле сигурносен појас.
Изречени се 39 санкции за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за минување на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет.
Исто така согласно Законот за возила, 42 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а само едно возило заради техничка неисправност.
МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата.
Македонија
За седум дена санкционирани се 82 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 29.06. до 06.07.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 82 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, соопшти ПОЦ.