Контакт

Македонија

Османи – Кулеба: Изразуваме силна поддршка за Украина и солидарност со украинскиот народ во нивната борба за враќање на мирот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод Денот на независноста на Украина, денеска оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

dobivaj vesti na viber

Упатувајќи искрени честитки по повод националниот ден, министерот Османи изрази поддршка за борбата на украинскиот народ, која воедно претставува борба за нашите заеднички современи и демократски вредности, како и заштита на меѓународниот поредок.

„Северна Македонија во овие тешки времиња за украинската и европската безбедност изразува силна поддршка за Украина и солидарност со украинскиот народ во нивната борба за враќање на мирот и надминување на последиците од руската агресија. Украинците, бранејќи ја својата татковина, се борат не само за својата слобода, туку и за слободата на целокупниот демократски свет и споделените европски вредности” – истакна Османи

И во оваа пригода Османи ја реафирмираше нашата цврста и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, притоа упатувајќи силна осуда за руската воена инвазија, што претставува грубо кршење на меѓународното право и обид да се поткопаат темелите на европската и глобалната сигурност и стабилност. Во тој контекст, нагласи дека Северна Македонија, како членка на НАТО-алијансата има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија.

За време на разговорот стана збор и за европските перспективи на двете држави, особено од аспект на безбедносните импликации за европскиот континент, но и пошироко, а во контекст на новата геополитичка реалност.

Македонија

Хоџа: Регионалниот систем за отпад е реалност

Објавено пред

Од

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на настанот „Патеки за вештини и инклузија во секторот за цврст отпад“, организиран од канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, кој се одржа во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, министерот Хоџа се осврна на системските политики во областа на управувањето со отпадот, нагласувајќи дека Регионалниот систем за управување со отпад веќе преминува од концепт во реалност.

„Многу важно е што Регионалниот систем за управување со отпад веќе не е само идеја на хартија. Ние веќе градиме инфраструктура што е основа на овој систем. Затоа, 2026-та е годината на реална промена. Ова значи крај на импровизациите“, истакна министерот Хоџа.

Тој потсети дека уште од почетокот на неговиот мандат управувањето со отпадот го поставил како еден од клучните приоритети, потенцирајќи дека се неопходни долгорочни и одржливи решенија.

„Немаме повеќе време за привремени решенија. Ни треба траен систем што ќе го штити здравјето на граѓаните. Во градењето на тој систем, од суштинско значење е да имаме работна сила и вештини соодветни на потребите“, нагласи Хоџа.

Министерот ја истакна и значајната улога на европските партнери во процесот на воспоставување одржлив систем за управување со отпад.

„Нашето партнерство со ЕБОР и Европската Унија не е формалност, туку алатка за решавање на реални, децениски проблеми. Управувањето со отпад денес не е само еколошка тема-тоа е економска можност, прашање на достоинствена работа и социјална правда“, рече тој.

На крајот, Хоџа порача дека управувањето со отпад мора да стане извор на раст и иновација, наместо еколошки проблем, додавајќи дека зелената трансформација мора да се реализира на терен, преку изградба на современа инфраструктура, како единствен пат до почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Бислимоски, поднесе оставка

Објавено пред

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка, дознава „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година.

Бислимоски во оставката не ги наведува причините за повлекувањето.

Како што наведува „Дојче веле“, одлуката не сака да ја коментира ни тој, ниту неговите соработници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Центар продолжува со бесплатниот транспорт за лицата со попреченост

Објавено пред

Од

Општина Центар и Црвениот крст потпишаа договор за продолжување на соработката за користење на услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека станува збор за проект кој се покажа како значаен и корисен, и ги повика граѓаните кои имаат потреба од ваква услуга активно да ја користат.

„Со овој проект им го олеснуваме животот на лицата со попреченост. За реализација на услугата, Општина Центар издвои 500.000 денари од сопствениот буџет, со цел да им го олесни пристапот до болниците и лекарите на граѓаните на кои тоа им е најпотребно“, посочи Герасимовски по средбата со претставниците на Црвениот крст.

Услугата подразбира бесплатен превоз до здравствените установи со наменски возила на Црвениот крст за лица над 18 години кои користат ортопедско помагало (инвалидска количка, дубак или одалка) и живеат на територијата на Општина Центар, како и лица над 18 години кои не користат ортопедско помагало, но поради болест се во лежечка, односно неподвижна состојба.

Транспортот треба да се закаже минимум 24 часа однапред (од понеделник до петок) со телефонски повик на бројот на Црвениот крст. Со остварување на еден телефонски повик може да се закаже превоз за еден корисник до една конкретна дестинација. Термините се закажуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

Корисниците имаат право на бесплатен превоз во еден правец максимум 10 пати во текот на една година, но доколку имаат потреба од повеќе, истиот може да го платат согласно ценовникот на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Бислимоски, поднесе оставка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка, дознава „Дојче веле“. Бислимоски утрово со писмо го информирал...

Македонија39 минути

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија48 минути

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија1 час

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Македонија1 час

„Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби“, велат од Левица

„Група пратеници од власта до Собранието доставија срамни предлог измени, на уште посрамен и исклучително погрешно замислен и применет закон,...

Топ3 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа5 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет5 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа6 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа6 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион6 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет6 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија15 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија21 час

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија22 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија23 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ1 ден

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија1 ден

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија1 ден

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...