Македонија
Османи манипулира, нашиот став е јасен, рече Ковачки за тоа дали има луѓе во ВМРО-ДПМНЕ кои поддржуваат уставни измени
Мислам дека Бујар Османи е класичен манипулатор и се обидува да ја дефокусира македонската и меѓународната јавност од криминалот кој што го откриваме деновиве за кој што тој молчи и не се произнесува за криминалот на неговиот шеф, односно за кланот Ахмети туку се обидува да ја дефокусира јавноста со работа која што е затворена. Нашиот претседател многу јасно кажа дека избори се единственото решение. Тоа дали има линија од ИК која што ги убедувала пратениците мислам дека е крајно несериозно да се тврди затоа што сите ние многу добро знаеме кои се нашите ставови и дека ќе опстоиме на нашите ставови. Вака пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше изјавата на министерот Бујар Османи дека во ВМРО-ДПМНЕ има линија која е за уставни измени.
Ковачки исто така додаде дека Бујар Османи и ДУИ треба да си погледнат во сопствениот двор и да не прават дефокус, обидувајќи се да прават проблеми таму каде што ги нема
„Бујар Османи и ДУИ треба да си погледнат малку во сопствениот двор затоа што тие кај себе имаат една линија која што не го подржува раководството и која што не се согласува со криминалот на сегашното раководство и да не прават обиди за дефокус од сопствените проблеми, обидувајќи се да прават проблеми таму кај што ги нема. Нашиот став по тоа прашање е јасен и тоа прашање е затворено“, потенцираше Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

