Македонија
Османи му кажал на бугарскиот министер оти Ковачевски не ја критикувал бугарската политика туку некои политичари
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи му кажал на неговиот бугарски колега, Иван Кондов дека споредбата на премиерот Димитар Ковачевски на Бугарија со Русија се однесувала на некои политичари од Софија, а не на целата бугарска политика, изјави Кондов за БНР.
Бугарскиот медиум пишува дека министерот Кондов остварил билатерален разговор со Османи во обид да ги разјасни зборовите на Ковачевски.
„Тој се обиде да објасни дека де факто изјавата на премиерот е поврзана со конкретни политичари, а не со политиката на Бугарија, но јас го прашав зошто во оваа ситуација се споменува Бугарија, а не конкретниот политичар“, рече Кондов.
Според него, начинот на кој Северна Македонија продолжува да се однесува кон Бугарија, секако не е најбрзиот пат за нејзина интеграција во ЕУ.
„Некои од моите колеги го поставија прашањето за побрзо проширување или побрза писта. Нормално, од наша страна укажав дека е исклучително важно да се задржат сите обврски, вклучително и промената на Уставот. Исто така посочив дека сегашната ситуација и начинот на кој се споменува Бугарија – тоа сигурно не е начинот за побрза интеграција во ЕУ.
Прашан дали наишол на разбирање, Кондов кажа дека многу земји рекле оти Унијата е заснована на вредности, затоа мора да се исполнат сите барања за европска интеграција.
Ковачевски минатата недела на четвртиот самит на Советот на Европа оцени дека обвинувањата од Бугарија за непочитување на човековите права во Македонија се неосновани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

