Македонија
Османи со грчката амбасадорка разговараше за преспанскиот договор
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, во својот кабинет ја прими грчката амбасадорка во земјата, Софија Филипиду.
Од Министерството објавија дека на средбата соговорниците изразиле задоволство од динамиката со која се развиваат односите меѓу двете соседни земји, од плодната соработка во повеќе области и од заемната подготвеност за нивно продлабочување.
„На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби, а беа разгледани и мерките и активностите што Владата ги спроведува во насока на имплементација на обврските од преспанскиот договор“, се вели во соопштението на МНР, без детали дали се разговарало за пролонгирање на рокот за вадење на личните документи со името Северна Македонија, што е обврска преземена во согласност со овој договор.
Од МНР додаваат дека недвосмислената поддршка на Грција за европската интеграција на земјата, соработката во рамките на НАТО и други меѓународни организации, како и регионални иницијативи, беа исто така теми на разговор на средбата.
Предлогот за пролонгирање на рокот за вадење на личните документи до септември произлезе од страна на претседателот Стево Пендаровски по што премиерот Ковачевски му возврати првин тој да разговара со својата грчка колешка. Од кабинетот на Пендаровски вчера во изјава за „Макфакс“ посочија дека комуникацијата треба да се одвива помеѓу двете МНР како потписници на преспанскиот договор, а претстедателот е подготвен да даде свој придонес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

