Македонија
Османи на средба со косовската делегација за европската перспектива на земјите
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со министерката за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, Мелиза Харадинај-Стубла, која денес го придружуваше косовскиот премиер, Авдулах Хоти за време на неговата официјална посета на земјава.
Османи и Харадинај-Стубла искажаа задоволство од развојот на односите и соработката меѓу двете земји, кои се одликуваат со висок степен на пријателство и заемна посветеност за градење и зацврстување на добрососедските односи. Целта е соработката да продолжи да се унапредува врз солидни темели, кои обезбедуваат стабилност и просперитет за граѓаните, како и активен ангажман во градењето и оправдувањето на европската перспектива на нашите држави и на целиот наш регион.
„Особено ме радува фактот што нашите блиски односи ќе добијат нова форма на соработка преку испраќање на 44 припадници на Армијата на Северна Македонија во составот на КФОР, што секако ќе претставува придонес за понатамошната стабилност на Косово, но и чин на длабока доверба меѓу двете земји“, посочи Османи.
Двајцата соговорници се согласија за потребата од интензивирање на политичкиот дијалог, продлабочување на веќе интензивната економска и трговска соработка, инфраструктурната комуникација и вкупните врски меѓу двете држави.
„Потребен ни е отворен и посветен дијалог, во рамките на сите регионални механизми за соработка, како што е пристојниот Берлински процес, поддржан од економско – инвестицискиот план на Европската Комисија.“, истакна Османи, поздравувајќи ги притоа најновите чекори и договори меѓу Приштина и Белград во насока на нормализирање на економските односи, а со тоа и отворањето на патот и за решавање и на други прашања како од интерес за двете држави така и регионот во целина.
На средбата беа отворени темите за пандемијата Ковид-19, особено беа разгледани можностите за натамошната координација и соработка во создавањето заеднички регионален одговор во борбата против последиците на Корона вирусот и намалување на економските штети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

