Македонија
Османи: Не е прекршена процедурата при носењето на законот

Во ниту еден дел не е прекршена процедурата при носењето на законот за употреба на јазиците, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој присуствуваше на конференција во Собранието посветена на судските реформи.
Во врска со амандманите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ, Османи вели дека не можат да се поднесат амандмани на закон што веќе еднаш бил изгласан и тој може да се измени само со предлог-закон за измени.
„Усвоени закони може да се променат само со предлог-закони. Ако некој сака да го промени овој закон, тогаш треба да поднесе предлог за измени“, рече Османи и додаде дека немало никаква основа за предлагање на амандманите, а тоа го констатирал претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Според Османи, претседателот Ѓорге Иванов е должен да го потпише законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.